ИМАМЕ АЛТЕРНАТИВИ И ДА ПРЕКИНЕ РУСИЈА ДА НИ ИСПОРАЧУВА ГАС, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ БЕКТЕШИ

    ИМАМЕ АЛТЕРНАТИВИ И ДА ПРЕКИНЕ РУСИЈА ДА НИ ИСПОРАЧУВА ГАС, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ БЕКТЕШИСитуацијата е комплексна и не се знае каква одлука може да биде донесена во наредните денови, вели Бектеши. (Фото: Министерство за економија)

    Имаме континуирана испорака на гас од Гаспром преку гасоводот со Бугарија и покрај тоа што Русија прекина испорака на гас на Бугарија, кажа денеска министерот за економија Крешник Бектеши, но предупреди дека ситуацијата е комплексна и не се знае каква одлука може да биде донесена во наредните денови. Сепак, Бектеши вели дека Северна Македонија има соодветни алтернативи доколку дојде до прекин на испораката на гас од „Гаспром“, бидејќи индустриските капацитети може да користат мазут.

    „Најголемата потрошувачка на природен гас е во зимските месеци, имајќи предвид дека природниот гас најмногу се користи за производство на топлинска енергија. Најголемо влијание на профилот на потрошувачка на природен гас има когенеративната постројка во сопственост на ТЕ-ТО АД Скопје. Во текот на зимскиот период потрошувачката на природен гас достигнува до 45 милиони метри кубни, месечно како резултат на вклучувањето и на топланите, a во периодот од јули до септември истата достигнува до 6 милиони метри кубни месечно, што се должи на работењето на ТЕ-ТО АД Скопје во овие месеци. Над 60 индустриски, комерцијални и јавни потрошувачи и постројки за производство на електрична енергија и топлина се директно поврзани на преносната мрежа за природен гас“„ изјави министерот Бектеши на денешната прес-конференција.

    Во земјава се активни три системи за дистрибуција на природен гас: Дирекција за технолошко-индустриски развојни зони Скопје (ДТИРЗ Скопје) со вкупно 12 потрошувачи, ЈП Струмица гас со вкупно 315 потрошувачи и ЈП Куманово гас со вкупно 100 потрошувачи.

    „Во текот на 2021 година, со системот за пренос на природен гас управуван од АД ГАМА Скопје, беа пренесени 426 милиони метри кубни , со што продолжи трендот на зголемување на количеството на природен гас во системот за пренос, пред сè заради работата на когенеративните постројки и топланите на природен гас(80%). Ова е досега најголемо количество на природен гас во системот за пренос од почетокот на неговата работа и претставува зголемување за 26 % во однос на пренесените количества на природен гас во 2020 година, односно изнесува над 53 % од вкупниот капацитет на системот за пренос на природен гас. Имајќи ги во предвид презентираните податоци, индустриските потрошувачи приклучени на мрежата на ДТИРЗ Скопје имаат можност да користат алтернативно гориво (мазут) и во случај на потреба за интервенција истите можат во рок од 3 дена да отпочнат да работа на мазут“, рече Бектеши.

    Во врска со увозот на нафтени деривати со потекло од Русија, тој кажа дека тој изнесува приближно 8 отсто.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира