ИМАШЕ ПРЕДЛОГ ОСУДЕНИК ШТО ЛЕЖЕЛ В ЗАТВОР ЗА ДРОГА ДА БИДЕ ЗАМЕНИК-ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО, НО ПО НАПРАВЕНИТЕ ПРОВЕРКИ Е ОДБИЕН, ВЕЛАТ ОД ВЛАДАТА

    ИМАШЕ ПРЕДЛОГ ОСУДЕНИК ШТО ЛЕЖЕЛ В ЗАТВОР ЗА ДРОГА ДА БИДЕ ЗАМЕНИК-ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО, НО ПО НАПРАВЕНИТЕ ПРОВЕРКИ Е ОДБИЕН, ВЕЛАТ ОД ВЛАДАТАИбрахим Ељези бил 4 години во затвор за трговија со дрога. (Фото: СДСМ)

    Во Владата имало предлог осуденикот Ибрахим Ељези кој 4 години бил во затвор за трговија со дрога да биде в.д. заменик-директор на КПД Идризово.

    „По направените дополнителни проверки предлогот не е прифатен и Ељези нема да стапи на функцијата. Нов в.д. заменик-директор ќе биде назначен на наредната седница“, велат од Владата

    Одговорот на Владата следува откако СДСМ на прес-конференција соопштија дека премиерот Христијан Мицкоски именувал осуден криминалец кој лежел 4 години затвор за в.д. директор на затворот Идризово, одделение Велес.

    Од СДСМ кажаа дека на затворот во Прилеп пак за в.д. директор е назначено лице што има кривична пријава, а од Владата одговорија дека почитуваат пресумпција на невиност.

    „Емил Јанески, со кривична пријава за „несовесно работење„ со одлука на Мицкоски е именуван за в.д. директор на затворот во Прилеп. Јанески во 2020 година бил директор на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп и против него МВР има поднесено кривична пријава за „несовесно работење во службата“ и направена штета врз буџетот од препријатието во висина од 2.3 милиони денари“, велат од СДСМ.

    Од Владата  велат дека „за секој поединец има пресумпција на невиност, постоењето на кривична пријава без пресуда која е правосилна не е гаранција за сторено кривично дело“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира