ИНСПЕКЦИЈА ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА ПО ОБЈАВЕНИТЕ ФОТОГРАФИИ ОД ПАЦИЕНТ ШТО ПРИМА ИНФУЗИЈА ПОКРАЈ ПОЧИНАТИ ЛИЦА

    ИНСПЕКЦИЈА ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА ПО ОБЈАВЕНИТЕ ФОТОГРАФИИ ОД ПАЦИЕНТ ШТО ПРИМА ИНФУЗИЈА ПОКРАЈ ПОЧИНАТИ ЛИЦАДиректорката на Клиничката болница во Битола вели дека еден од пациентите кој бил во лоша здравствена состојба примал инфузија, а на другите два кревета пациентите починале за време на интервенција, вели Министерството за здравство. (Фото: СДК.МК)

    Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) ќе го испитува случајот во дневната болница во Битола, откако на социјалните мрежи и во дел од медиумите беа објавени фотографии на кои се гледа како пациент додека прима инфузија, на други болнички кревети лежат починати пациенти. Според Министерството за здравство, министерот за здравство  Венко Филипче побарал од ДСЗИ да испрати вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола за да се утврди фактичката состојба.

    Директорката на Клиничката болница д-р Билјана Гагачовска вели дека додека еден од пациентите кој бил во лоша здравствена состојба примал инфузија, а на другите два кревета за време на интервенција, пациентите починале, велат од Министерството.

    „Согласно лекарските працила регулирани во член 272 од Законот за здравствена заштита, став 1: ‘Преглед на умреното лице се врши, по правило, најрано 2 часа по настапувањето на смртта на местото на смртта, а најдоцна 12 часа по пријавувањето’. Од таа причина, телото на починатиот не можело да се пренесе во болничката мртвачница, објасни директорката на болницата во Битола“, велат од Министерството.

    Инспекторатот изминатиов период објави дека се истражува смртта на осум починати пациенти од ковид-19, од кои седум биле помлади лица, а вчера исто така влезе и во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје по објава на социјалните мрежи дека ковид пациентка била вратена поради возраста.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира