ИНЦИДЕНТОТ ВО КОНТРОЛНАТА КУЛА ПОТЕНЦИЈАЛНО ЈА ЗАГРОЗИ БЕЗБЕДНОСТА НА АВИОСООБРАЌАЈОТ, СООПШТИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ

    ИНЦИДЕНТОТ ВО КОНТРОЛНАТА КУЛА ПОТЕНЦИЈАЛНО ЈА ЗАГРОЗИ БЕЗБЕДНОСТА НА АВИОСООБРАЌАЈОТ, СООПШТИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИПендаровски бара да се разреши цело раководство на М-НАВ. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот Стево Пендаровски вели дека со инцидентот во Контролната кула на Скопскиот аеродром се загрозила безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај и тоа треба да се има во предвид при поднесување на пријави од страна на надлежните органи. Претседателот смета дека веднаш треба да се разреши цело раководство на М-НАВ по насилничкото однесување од страна на вработени во таа институција и други лица кои неовластено влегле во нивните простории.

    „МВР има целосна поддршка од претседателот Пендаровски во најкус можен рок да ги расчисти настаните кои се случија во М-НАВ, а имајќи предвид дека истите се случија во објект кој е дел од критичната инфраструктура во државата при квалификацијата на притивправните дејствија треба да се земе во предвид потенцијалното загрозување на безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај. Претседателот Пендаровски, уште еднаш, нагласува дека ничиј личен или политички интерес не може да биде над правниот поредок и непреченото функционирање на институциите“, стои во соопштението од Кабинетот на Претседателот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира