МАЈКА СО ТРИ ДЕЦА ВРАТЕНА ОД АВИОН ЗА НОРВЕШКА, ИСЕЛЕНИЦИ ДОАЃААТ ЗА СВАДБИ И СЕ ВРАЌААТ НА РАБОТА ВО ЗАПАДНА ЕВРОПА СО КОРОНАВИРУС

    МАЈКА СО ТРИ ДЕЦА ВРАТЕНА ОД АВИОН ЗА НОРВЕШКА, ИСЕЛЕНИЦИ ДОАЃААТ ЗА СВАДБИ И СЕ ВРАЌААТ НА РАБОТА ВО ЗАПАДНА ЕВРОПА СО КОРОНАВИРУСДенеска во Турку, Финска, треба да слета уште еден авион на „Визер“ од Скопје. Финските власти планираат да воведат задолжително тестирање на сите патници од Македонија, како земја од висок ризик. (Фото: СДК.МК)

    Аеродромските служби во Скопје во неделата спречиле четиричлено семејство да се качи на еден од двата лета за Норвешка и да ги зарази останатите патници. Мајка со три деца, тестирани во приватна клиника, сите четворица позитивни на коронавирус, не ги послушале епидемиолозите да се самоизолираат и заминале на аеродромот во Скопје, но Комисијата за заразни болести ги предупредила воздухопловните власти и семејството било запрено пред да се качи на авион.

    Инцидентот на Скопскиот аеродром се случил ден откако во Турку, Финска, слета авион со 157 патници од Скопје, од кои по доброволното тестирање, 24 биле позитивни на коронавирус. Финските власти претходно откриле дека летови од Скопје и Букурешт, Романија, се главни извори на новите случаи на коронавирус во земјата. Сега Финска планира да воведе задолжително тестирање на сите патници од Скопје. Македонија е ставена и на германската листа на земји од висок ризик.

    Во Комисијата за заразни болести велат дека станува збор најчесто за иселеници, повеќето од нив и со двојни државјанства и со дозвола за престој, или со бугарски пасошо, кои се враќаат тука за свадби и други семејни прослави и потоа се враќаат на работа во Западна Европа, бидејќи со дозвола за преестој за нив не важат рестрикциите. Од страв да не ја загубат работата во земјите од кои се дојдени, тие кријат дека се заразени.

    Тој кажува и за случај во Струга, каде што газда на ресторан добил кривична пријава бидејќи организирал свадба, по што се правдал дека не било свадба, туку сунет и дека имал закажано уште неколку сунети, за кои газдата бил убеден дека не се забранети.

    М. ИЛИОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира