ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА ДА ГИ ПОЧНЕТЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ, ВЕЛИ СОВЕТНИКОТ ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ НА БАЈДЕН

    ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА ДА ГИ ПОЧНЕТЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ, ВЕЛИ СОВЕТНИКОТ ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ НА БАЈДЕН„Откако се приклучи на НАТО, Северна Македонија е силен сојузник“, вели Саливен. - Саливен со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг (Фото: Твитер)

    Џејк Саливен, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, вели дека Македонија е силен сојузник во НАТО и има со што да придонесе во ЕУ и затоа ги повикува македонските пријатели да ја искористат можноста да ги почнат пристапните преговори со ЕУ.

    „Откако се приклучи на НАТО, Северна Македонија е силен сојузник. Исто така може да има важен придонес во ЕУ. Ги охрабруваме нашите пријатели да ја искористат можноста да ги почнат пристапните преговори со ЕУ“, напиша Саливен на Твитер.

    Претходно, американската амбасадорка Кејт Брнз твитна дека „САД ја поздравува дискусијата во Северна Македонија за ревидираниот предлог на ЕУ за почеток на пристапните преговори, признавајќи ја важноста на македонскиот јазик и идентитет“.

    Францускиот предлог за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Македонија е одобрен од Бугарија и сега се наоѓа во фаза на разгледување во Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира