ИСТРАГИТЕ НА СЈО НЕМА ДА ПРОПАДНАТ, СЕ СОГЛАСИЈА ЈАНЕВА И ЈОВЕСКИ

    ИСТРАГИТЕ НА СЈО НЕМА ДА ПРОПАДНАТ, СЕ СОГЛАСИЈА ЈАНЕВА И ЈОВЕСКИЈовески вчера, во изјава за САКАМДАКАЖАМ. МК, рече дека чека акција од СЈО и да седнат со тимови да ги отворат предмет по предмет отворените истраги. - Катица Јанева и Љубомир Јовески (Фото: СДК.МК)

    Јавниот обвинител Љубомир Јовески и специјалната обвинителка Катица Јанева се согласија дека постапувањето по истрагите на СЈО за кои нема покренато обвинение ќе продолжи согласно позитивните законски прописи, соопштија заедно двете обвинителства. Јовески и Јанева денеска имаа работна средба, откако Врховниот суд вчера усвои мислење дека СЈО по истекот на 18 месеци од преземањето на прислушуваните разговори (а тоа е 30 јуни 2017), Специјалното обвинителство воопшто не смеело ниту да покренува нови истраги, ниту пак да презема од редовното обвинителство истраги.

    „На средбата беа разгледани состојбите и можностите за натамошно постапување по предметите по кои постапува Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Во тој контекст, Јовески и Јанева се согласија дека постапувањето по овие предмети ќе продолжи согласно позитивните законски прописи“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство и Специјалното јавно обвинителство.

    Јовески вчера, во изјава за САКАМДАКАЖАМ. МК, рече дека чека акција од СЈО и да седнат со тимови да ги отворат предмет по предмет нивните отворени истраги, да видат до каде се, доказите дали и колку се собрани и да одлучат што од тие предмети може да биде преземено од страна на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира