ПО СРЕДБАТА СО ХОЈТ ЈИ, ИВАНОВ Е СПРЕМЕН ДА ГО ДАДЕ МАНДАТОТ АКО ЗАЕВ ОБЕЗБЕДИ ГАРАНЦИИ ЗА УНИТАРНОСТА

    ПО СРЕДБАТА СО ХОЈТ ЈИ, ИВАНОВ Е СПРЕМЕН ДА ГО ДАДЕ МАНДАТОТ АКО ЗАЕВ ОБЕЗБЕДИ ГАРАНЦИИ ЗА УНИТАРНОСТАИванов вели дека пречките за определување мандат за состав на влада се надминливи. - Од средбата на претседателот со заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот Хојт Ји и американскиот амбасадор Џес Бејли (Фото: Ѓ. Личовски)

    Претседателот Ѓорге Иванов побара од лидерот на СДСМ Зоран Заев да обезбеди гаранции за унитарноста на земјата за да му го даде мандатот за формирање влада, соопшти Кабинетот на Иванов по средбата со заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот, Хојт Ји.

    Претседателот му кажал на Ји дека пречките за определување мандат за состав на влада се надминливи и побарал од САД „да помогнат за пречките да се отстранат и да се овозможи парламентарното мнозинство да го добие мандатот“.

    „Претседателот Иванов бара од лидерот на СДСМ да го исполни јавно искажаниот збор дека ‘заедно со коалиционите партнери ќе дојдат и ќе обезбедат гаранции за зајакнување на унитарноста на државата и дека сè ќе биде во согласност со Уставот на Република Македонија’“, соопшти Кабинетот на Иванов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира