Претседателот Ѓорге Иванов ги добил и веќе ги потпишал законите кои пратениците ги изгласаа на вчерашната седница на Собранието, јави агенцијата МЕТА.
Законите влегуваат во сила кога ќе објават во Службен весник.
Пратениците на вчерашната седница ги изгласаа законите за помилување („селективна аболиција“), за заштита на приватноста („бомбите“ да не се објавуваат после 1 јули 2017), за лични податоци и законот за изменување и дополнување на изборниот законик.
На седницата не присуствуваа пратениците на СДСМ и ДПА.