ИВАНОВ ГО ПРЕЧЕКА РАДЕВ ВО НОВО СЕЛО, НО НЕ ДОЈДЕ НА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА БУГАРСКИТЕ ГРОБИШТА

    ИВАНОВ ГО ПРЕЧЕКА РАДЕВ ВО НОВО СЕЛО, НО НЕ ДОЈДЕ НА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА БУГАРСКИТЕ ГРОБИШТАБугарскиот претседател Радев прв положи венец на централниот споменик за загинатите бугарски војници во Ново село по што отиде и му ја бакна раката на поглаварот на Македонската православна црква господин господин Стефан кој со повеќе митрополити одржаа упокојна литургија.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Македонскиот претседател Ѓорге Иванов не присуствуваше на одбележувањето на Денот на храброста и бугарската армија во Ново село струмичко, каде дојде неговиот бугарски колега Румен Радев.

    Според бугарската агенција „БГНЕС“ Иванов го пречекал Радев на фудбалското игралиште во Ново село по што заминал во Дојран каде имале работна средба зад затворени врати. Европратеникот Андреј Ковачев на чествувањето на гробиштатата во Ново село каде се закопани 70-тина бугарски војници изрази жалење што македонскиот претседател Иванов не е присутен на манифестацијата, ниту пак преставници на бугарската црква, за да се даде почит на загинатите бугарски војници.

    На гробиштатата во Ново село струмично каде се закопани 70-тина бугарски војници се одржа чествување за загинатите војници.(Фото: Ѓ.Личовски)

    „Идејата на ЕУ е да нема никогаш војни. Не е тоа клише, туку визија. Затоа ја поддржуваме Македонија на патот кон евроатлантските структури. Но не можам да ја скријам мојата тага. Очигледно има страв од заедничко одбележување на општата историја. Тоа е тажно. Сакам да му кажам на претседателот на Бугарија да му пренесе порака на македонскиот претседател Иванов, дека е многу тажно што не најде сила да дојде денес тука. Исто така и за преставниците на Бугарската црква кои во моментов не се со нас а тука се македонските свештеници“, рече европратеникот Ковачев.

    Претседателот на Бугарија Румен Радев не го коментираше отсуството на Иванов на гробиштата во Ново село. Тој истакна дека односите мегу двете држави бележат напредок.

    „Активните дејствија за зближување и засилување на соработката меѓу нашите држави се подобруваат од двете страни на границата и тоа е најсилниот сигнал  дека одиме во вистинскиот правец. Високо ја ценам подготвеноста на Македонија за одржување на бугарските воени гробишта. Бугарија е подготвена за сестрана матријална и експертска помош на Македонија“, рече бугарскиот претседател Румен Радев.

    Радев прв положи венец на централниот споменик  за загинатите бугарски војници во Ново село по што отиде и му ја бакна раката на поглаварот на Македонската православна црква господин господин Стефан кој со повеќе митрополити  одржаа упокојна литургија. Првиот човек на Бугарија веднаш замина со хеликоптер  во Дојран каде треба да има работна средба со македонскиот претседател Иванов.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира