ИВАНОВ КОН ЕУ И НАТО: САКАТЕ ДА НИ ГО ЗЕМЕТЕ И АЈВАРОТ

    ИВАНОВ КОН ЕУ И НАТО: САКАТЕ ДА НИ ГО ЗЕМЕТЕ И АЈВАРОТ

    Македонија е школски пример за неуспешноста и на ЕУ и на НАТО, истакнал претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на регионалната бизнис иницијатива „Самит 100“ што се одржува во Сараево, објави порталот Либертас.

    Критикувајќи го односот на ЕУ и НАТО кон Македонија како земја кандидат тој вчера на панел дискусија рекол: „Имаме 17 акциони планови за членство во НАТО, за во Гинис, нема ниту една земја каде што повеќе е проверувана армијата од македонската армија, истакна претседателот Иванов“.

    Говорејќи за односот на Европската унија кон Македонија, Иванов ги споменал седумте препораки за почеток на преговори.

    „Стоиме во место. Зошто? Затоа што судбина ни било да имаме сосед со кој не може да излезе на крај ниту цела Европска унија, ниту целиот свет. Се вика Грција. А, сакаат ние со нив да излеземе на крај, да најдеме решение за нешто што е наш идентитет и наша посебност, да менуваме име, идентитет, јазик, топоними…  Кој ќе каже дека Т га за југ не е македонски бренд, кој ќе каже дека музика од Македонија не е македонска музика, дека ајварот не е македонски продукт. Сакате сето тоа да ни го земете. Не го даваме. Ние го споделуваме и даваме да го користите како нешто што е придобивка на сите генерации пред нас и да го сочуваме за генерациите после нас“, истакнал Иванов во панел излагањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира