ИВАНОВ ОБЈАВИ АБОЛИЦИЈА ЗА ПРИСЛУШУВАНИТЕ РАЗГОВОРИ ЗА СИТЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:369:"Оваакризаенечијтуѓинтерес,занечиитуѓицелииинтереси.Некојкојсаканештодапостигне,некојкојсакапрекузавојуванитеполитичкилидериинивнитеподдржувачидаостварисвојацел,речеИванов

    ИВАНОВ ОБЈАВИ АБОЛИЦИЈА ЗА ПРИСЛУШУВАНИТЕ РАЗГОВОРИ ЗА СИТЕ

    Претседателот Ѓорге Иванов прогласи аболиција за сите осомничени од Специјалното јавно обвинителство, а поврзани со прислушуваните разговори што ги објави СДСМ.

    Одлуката што ја потпишал денеска, стапува во сила веднаш. Аболицијата се однесува за сите политичари против кои се води истрага, против кои е покренато обвинение, како и за еден политичар кој издржува затворска казна.

    Тој рече: Оваа криза е нечиј туѓ интерес, за нечии туѓи цели и интереси. Некој кој сака нешто да постигне, некој кој сака преку завојуваните политички лидери и нивните поддржувачи да оствари своја цел.“

    “Со намера да придонесам во решавањето на кризата и релаксирање на односите и намалување на тензиите меѓу спротивставените политички сили и нивните поддржувачи, а свесен за последиците за државата и граѓаните ако ништо не се преземе во оваа тешка криза, свесен за последициите врз мене со преземањето на овој чекор, но и со силна верба дека носам одлука во интерес на државата и нацијата, нејзината стабилност и независност, одлучив да се стави крај на оваа агонија на Република  Македонија“, рече Иванов.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари