ИВОН СЕ ЗАКАНИ ДЕКА НЕМА ДА ОДИ НА ИЗБОРИ АКО СУДОТ ПРОДОЛЖИ ДА ЗАФРКАВА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИВОН СЕ ЗАКАНИ ДЕКА НЕМА ДА ОДИ НА ИЗБОРИ АКО СУДОТ ПРОДОЛЖИ ДА ЗАФРКАВА

    Лидерот на Либералната партија Ивон Величковски обвини дека се соочуваат со пречки да учествуваат на изборите, кои се спроведуваат преку Основниот суд Скопје 1, кој, според Величковски, на кандидатите за пратеници од оваа партија, не им ги дава навреме уверенијата за неосудуваност.

    „Некои се обидуваат да нѐ попречат дури и да учествуваме во изборниот процес. Да им одговорам – кој ќе се најде на Либералната листа е наша работа, а не одлука на судот. Ако има законски пречки – во ред. Ама не затоа што судот сака да се стави над законот. Порака до сите: ако не ги издадете потврдите за листите што се потребни по изборниот закон, и ние што ги имаме нема да ги употребиме“, рече Величковски на синоќешниот централен одбор на партијата, на која беа изгласани носителите на изборните листи.

    Носител на првата ИЕ на листата за пратеници од ЛП ќе биде Ивон Величковски, на втората Кире Бузлиев, на третата ИЕ Данчо Марковски, Даница Јованова е во четворката, а Кице Мицковски прв во петтата изборна единица.
    Величковски рече пред членството дека ЛП по изборите нема да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира