ИЗБЕГАНИОТ БОШКОСКИ ТРЕБАЛО ДА БИДЕ СВЕДОК НА СЈО ПРОТИВ ИЗБЕГАНИОТ ГРУЈЕВСКИ

    ИЗБЕГАНИОТ БОШКОСКИ ТРЕБАЛО ДА БИДЕ СВЕДОК НА СЈО ПРОТИВ ИЗБЕГАНИОТ ГРУЈЕВСКИСпецијалните обвинители Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов утринава пристигнуваат во Основниот суд Скопје 1 за судењето за случајот „Тврдина 2“. (Фото: СДК.МК)

    Избеганиот ексначалник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски не се појави на денешното рочиште за „Тврдина 2“, каде што е обвинет за палење на доказите за нелегалното прислушување. Судијката Лидија Петровска го презакажа за рочиштето за во понеделник, а застапникот на обвинението, специјалната обвинителка Ленче Ристоска најави дека ќе бара Грујевски да биде осуден во отсуство.

    Според она што го планираат судијката, претставниците на СЈО и адвокатите на Грујевски и седумтемината вработени во УБК, исто така, обвинети во случајот, на наредното рочиште целата постапка ќе се заврши за да остане само објавувањето на пресудата.

    Денеска на судењето за првпат се појавија тројца сведоци на СЈО. За првпат беше кажано дека сведок на СЈО е и избеганиот Никола Бошкоски, кој, пак, заедно со неговиот шеф Грујевски е обвинет и доби мерка притвор за главните случаи на СЈО „Тврдина 1“ и „Таргет“, кои што се споени во еден предмет.

    На судењето, ни судијката Петровска, а ни обвинителката Ристоска не добиле, како што рекоа, известување за денешното рочиште од МВР, дали е достапен на органите на прогонот обвинетиот Грујевски, иако испратиле навремено барање. Ристоска потоа кажа дека добиле уверување од МВР дека неделава ќе бидат известени.

    С.К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира