ИЗБРАНИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА СОБРАНИЕТО СО МИНИМУМ ГЛАСОВИ

    ИЗБРАНИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА СОБРАНИЕТО СО МИНИМУМ ГЛАСОВИПратениците дури во 16.30 часот едвај се собраа да обезбедат кворум за да може да ги изберат новите потпретседатели. - Фросина Ременски (Фото: СДК.МК)

    Горан Мисовски (НСДП), Фросина Ременски (СДСМ) и Весел Мемеди (НДП) со минимум потребните 61 глас се избрани за потпретседатели на Собранието.

    Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои го бојкотираат Собранието, се противат на зголемување на бројот на потпретседатели, бидејќи тоа, според нив, било само задоволување на потребите на владејачките партнери, а не и реална потреба.

    Пратениците дури во 16.30 часот едвај се собраа да обезбедат кворум за да може да ги изберат новите потпретседатели.

    Претходно, Собранието ги донесе измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување по скратена постапка, откако седницата, исто така, едвај почна со задоцнување бидејќи мнозинството не можеше да обезбеди кворум.

    Минимум кворум беше обезбеден со доаѓањето на лидерот на ДУИ Али Ахмети кој дојде во салата и се собраа 61 пратеник за да може гласањето да биде полноважно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира