ИЗДАДЕНИ НАД 400 ЛИЦЕНЦИ ЗА ФОТОВОЛТАИЦИ, ОД НИВ СО СТРУЈА МОЖЕ ДА СЕ СНАБДАТ 10 ГРАДОВИ ВО ЗЕМЈАВА

    ИЗДАДЕНИ НАД 400 ЛИЦЕНЦИ ЗА ФОТОВОЛТАИЦИ, ОД НИВ СО СТРУЈА МОЖЕ ДА СЕ СНАБДАТ 10 ГРАДОВИ ВО ЗЕМЈАВАДосега државата набавувала околу 30% струја за сите потрошувачи, а денес увезува само околу 11%. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од април 2022 до денес, издадени се над 400 лиценци за призводство на струја од фотоволтаици. Според податоците од Регулаторната комисија за енергетика, лани се издадени лиценци на вкупно 267 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со инсталиран вкупен капацитет од 152.2 мегавати. Годинава се издадени лиценци на 170 централи за обновливи извори со капацитет од 57 магавати.

    „Досега имаме издадено лиценци за 437 централи за производство на струја од обновливи извори. Доминатно се фотоволтаици односно за производство на струја од сонце, но има и за ветер, вода и биогас меѓу нив. Со овој инсталиран капацитет од 2022 и 2023  година, со струја можат да се снабдат 10 градови низ земјава“, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

    Економската и енергетската криза кои доведоа до високи сметки за струја, но и високите цени на берзата ги натераа фирмите да поставуваат фотонапонски панели, а некои и си видоа и можност за трговија. Но, денес цените на берзата поради елдорадото на фотовлатици се многу ниски, па фирмите имаат ќар само да си произведуваат сами за себе, за бизнис односно продажба на струја ретко кој.

    Бумот на фотоволтаици ја намали и енергетската зависност на државата. Досега државата набавувала околу 30% струја за сите потрошувачи, а денес процентот е значително намален и увезуваме само околу 11%.

    „Нашиот борбен дух е во полна кондиција кога сме во криза. Некои тоа го велат претприемништво, јас велам дека станува збор за менталитет. Високите цени на берза на некои им предизвика главоболка, некои пак видоа можност за бизнис, но и едните и другите влегоа во инвестициска офанзива. За година и пол, 105 милиони евра се инвестиците во обновливи извори. Компаниите кои инсталираа фотоволтации денес практично немаат сметки за струја. Сонцето несомнено ни ја носи државноста како симбол, на знамето, во химната. Денес ни ја донесе и енергетската независност“, вели Бислимовски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира