ИЗГАСЕН ГОЛЕМИОТ ПОЖАР НАД ГАЛИЧНИК

    ИЗГАСЕН ГОЛЕМИОТ ПОЖАР НАД ГАЛИЧНИКНоќеска единиците на противпожарната служба заедно со специјалната единица Волци на АРМ ги згаснаа и последните остатоци од пожарот. (Фото: МЗ Галичник)

    Изгаснати се сите жаришта на големиот пожар што од вчера во 13.30 часот па до доцна во ноќта гореше на непристапен терен над селото Галичник, соопшти галичката Месна заедница.

    „Во текот на вечерните часови, единиците на противпожарната служба заедно со специјалната единица Волци на АРМ ги згаснаа и последните остатоци од пожарот. Војниците овде ја поминаа ноќта, а дополнително во текот на целата ноќ во состојба на готовност беа единици координирани од ЦУК. Утрово извид на лице место направи пешадиска единица од земја и воздухопловен Винг – воздухопловната единица на АРМ со два хеликоптери од воздух. Сите жаришта се згаснати“, велат од Месната заедница Галичник.

    Според Центарот за управување со кризи (ЦУК)пожарот, за кој пријава добиле во 13.30 часот, зафатил борова шума на непристапен терен и а поради засилениот ветар имаше потенцијална опасност за селото Галичник, но истовремено и за силите ангажирани за негово гаснење. Беше ангажиран и хеликоптер на АРМ за да помогне во гаснењето на пожарот но не можеше да дејствува поради силен ветер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира