ИЗГЛАСАНИ ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА НОВА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ДВАПАТИ ГОДИШНО, А ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ И ПО 1.000 ДЕНАРИ ПОМОШ ВО НАРЕДНИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ

    ИЗГЛАСАНИ ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА НОВА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ДВАПАТИ ГОДИШНО, А ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ И ПО 1.000 ДЕНАРИ ПОМОШ ВО НАРЕДНИТЕ ТРИ МЕСЕЦИУсогласувањето на пензиите ќе се врши двапати во годината и тоа во март и септември кога Државниот завод за статистика ги дава официјалните податоци. (Фото: СДК.МК)

    На вечерашната седница, Собранието со 84 гласа „за“ ги усвои измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои се воведува нова методологија за усогласување на пензиите согласно индексот на трошоците на живот во висина од 50 отсто и пораст на просечната плата исто така од 50 отсто, а дополнително, како дел од антикризните мерки секој пензионер три месеци по ред ќе добива и по 1.000 денари.

    Усогласувањето на пензиите ќе се врши двапати во годината и тоа во март и септември кога Државниот завод за статистика ги дава официјалните податоци.

    Како што кажа претходно премиерот Димитар Ковачевски, на крајот на годината, во просек буџетот на пензионерите ќе е поголем за околу 12.000 денари.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира