ИЗЛЕЗ ОД ЗЕМЈАВА БЕЗ ПЦР ТЕСТ И ПОТВРДА ЗА ВАКЦИНА, ТРУДНИЦИТЕ ДА СЕ ВРАТАТ НА РАБОТА, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    ИЗЛЕЗ ОД ЗЕМЈАВА БЕЗ ПЦР ТЕСТ И ПОТВРДА ЗА ВАКЦИНА, ТРУДНИЦИТЕ ДА СЕ ВРАТАТ НА РАБОТА, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИОд 1 септември лани и домашните и странските државјани за излез и влез во земјава на граничниот премин требаше да приложат негативен ковид тест или потврда за вакцина. (Фото: СДК.МК)

    Укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност на ковид-19 или вакцинација при излез од земјава, а бремените жени да се вратат на работа, се двата предлога што Комисијата за заразни болести ќе ги достави до Министерството за здравство откако епидемиолошката состојба во земјава почна да се смирува.

    „Тоа не значи дека во земјите каде е потребно да се поседува сертификат или ПЦР дека нема да се бара туку се укинува само мерката од минатата година дека треба овие документи да се прикажат при излез од нашата држава“, рече д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести.

    Според одлуката на Владата, од 1 септември лани и домашните и странските државјани за излез и влез во земјава на граничниот премин требаше да приложат потврда за примени две дози од вакцина против ковид-19 или потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена или негативен ПЦР тест, направен најмногу 72 часа претходно, или негативен брз тест за антигени тела направен 48 часа пред излез од државата.

    За бремените жени рече дека се предлага да се укине ослободувањето од работа согласно препораките од релевантни институции и од примерите во светот каде силно се препорачува бремените жени кои планираат бременост, се бремени или дојат да се вакцинираат и на тој начин да го заштитат свеоето здравје.

    Овие предлози треба да се разгледаат на Главниот кризен штаб, а да ги одобри Владата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира