До 13 часот излезноста на Локалните избори е 20,12 проценти.
Како што кажаа од Државната изборна комисија, излезноста во Скопје е 20,07%. Во Општина Аеродром гласале 20,63% избирачи, Бутел 20,69%, Гази Баба 18,97%, Карпош 21,69%, Кисела Вода 20,89%, Центар 22%, Чаир 19,17%, Ѓорче Петров 19,67%, Сарај 21,18% и во Шуто Оризари 13,76%. Споредено со Локалните избори во 2021, излезноста во главниот град до 13 часот била 20,76%.
Општини со најголема излезност се Чашка 40,74%, Богданци 27,31%, Вевчани 33,76%, Градско 26,01%, Дебарца 28,42%, Дојран 30,74%, Новаци 36, 52%, Кратово 30.01%, Крива Паланка 32,42 и Ранковце 32,07%.
Најмала излезност има во Врапчиште 7,23%, Гостивар 11,66%, Босилово 12,96%, Гази Баба 18,97%, Дебар 13,87%, Желино 17,19%, Радовиш 17,97%, Шуто Оризари 13,76% и во Струга 16,39%.
А. АНТЕВСКА