ИЗМАМА Е СМС ПОРАКАТА ЗА ВЛАДИНА ПАРИЧНА ПОМОШ, ВЛАДАТА АПЕЛИРА ДА НЕ СЕ ДАВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

    ИЗМАМА Е СМС ПОРАКАТА ЗА ВЛАДИНА ПАРИЧНА ПОМОШ, ВЛАДАТА АПЕЛИРА ДА НЕ СЕ ДАВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИОд Владата велат дека такви пораки не се испратени од нив и дека станува збор за фишинг измама која е пријавена и по која соодветните служби веќе постапуваат. (Фото: СДК.МК)

    Голем број граѓани денеска добиваат измамничка смс порака во која се вели дека Владата им доделува парични средства во износ од 6.150 денари. Во пораката се бара граѓаните да ги дадат нивните лични податоци. Од Владата велат дека такви пораки не се испратени од кај нив и дека станува збор за фишинг измама која е пријавена и по која соодветните служби веќе постапуваат.

    Доколку граѓаните добијат или веќе добиле порака со ваква или слична содржина во која се посочува Владата како испраќач, истата треба да ја сметаат за лажна и да не кликаат ниту на дадените линкови, ниту да одговараат на пораките кои ги добиле. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на лажни пораки од странски телефонски броеви и мејлови и да не ги даваат личните податоци. Граѓаните треба да бидат внимателни и одговорни околу своите лични податоци, односно да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може однапред да им се утврди идентитетот“, велат од Владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира