На посебна седница на собраниската Комисија за политички систем и односи со заедниците идната недела ќе се разгледува извештајот за работа на Специјалното јавно обвинителство.
„Денес стигна во електронска форма извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство. За да имаат пратениците повеќе време за дебата по извештајот, на посебна седница ќе биде разгледан идната недела. За точното време јавноста ќе биде навремено известена“, рече Александар Кирацовски, претседател на Комисијата за политички систем и односи со заедниците.
На денешната седница, комисијата расправа за годишните извештаи за работата на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Агенцијата за администрација и за Народниот правобранител.
Г. ТРПЕНОСКИ