ИЗВЕШТАЈОТ ЗА РАБОТАТА НА СЈО В СРЕДА ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ

    ИЗВЕШТАЈОТ ЗА РАБОТАТА НА СЈО В СРЕДА ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕАлександар Кирацовски, претседател на Комисијата го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се тргне од дневен ред извештајот за работата на Комисијата за одлучување во втор степен за инспекциски надзор поради отсуство на претставник од Комисијата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илијоски и Ане Лашкоска (Фото: М. Златевска)

    Извештаите за работата на Народниот правобранител и за работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), како што рече претседателот на Комисијата за политички систем Александар Кирацоски, ќе бидат ставени на дневен ред на наредната седница в среда.

    Собраниската Комисија за политички систем и односи со заедниците не ги прифати годишните извештаи за работа на Државната комисија за одлучување во втор степен за инспекциски надзор и прекршочна постапка и на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

    Претходно, Кирацовски го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се тргне од дневен ред извештајот за работата на Комисијата за одлучување во втор степен за инспекциски надзор поради отсуство на претставник од Комисијата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира