ИЗВРШИТЕЛИТЕ ДЕНЕСКА НЕ РАБОТАТ ВО ЗНАК НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ НОВИОТ ТАРИФНИК ЗА НАГРАДА

    ИЗВРШИТЕЛИТЕ ДЕНЕСКА НЕ РАБОТАТ ВО ЗНАК НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ НОВИОТ ТАРИФНИК ЗА НАГРАДАИзвршителите се жалат дека новото намалување на тарифникот ќе им ги доведе канцелариите во финансиска несолвентност. - Од неодамнешната средба на струмичките извршители со граѓаните (Фото: СДК.МК)

    Извршителите денеска нема да работат во знак на протест против новиот тарифник што го предлага Министерството за правда, со кој се предвидува намалување на наградата за извршување на парични побарувања од граѓаните од 1.000 на 300 евра.

    Претседателот на Комората на извршители на Северна Македонија Зоран Димов изјави за МИА дека прекинот на работата е еднодневен и се надева дека сите извршители ќе го поддржат протестот.

    Комората го најави протестот на 23 декември незадоволна од предлогот на Министерството да се коригира, односно намали тарифата за награда.

    „Собранието на извршителите изразува незадоволство од повторното намалување на тарифата оваа година, затоа што на тој начин, извршителските канцеларии се доведуваат во финансиска несолвентност“, соопшти Комората.

    Граѓани обединети во иницијативата „Стоп за извршители“ веќе подолго време протестира пред Министерството за правда, револтирани од нивната работа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира