ЈА ПЛАШАТ АДМИНИСТРАЦИЈАТА ДА СИ ОДИ ДОМА ПОРАНО ОТИ ВО 5 ЧАСОТ ВОЈСКАТА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА УЛИЦИ, АРМ ВЕЛИ ТОА НЕМА ВРСКА

    ЈА ПЛАШАТ АДМИНИСТРАЦИЈАТА ДА СИ ОДИ ДОМА ПОРАНО ОТИ ВО 5 ЧАСОТ ВОЈСКАТА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА УЛИЦИ, АРМ ВЕЛИ ТОА НЕМА ВРСКАПолицијата утринава целосно ги блокираше сите приоди кон Собранието. Во Скопје се дојдени полицајци од цела Македонија. (Фото: СДК.МК)

    Директорите и шефовите во јавните институции денеска ги пуштаат вработените порано да си одат дома со објаснување дека во 17 часот војската ќе излезе на улиците по прогласување на воена состојба, тврдат загрижени административци, кои се јавија во нашата редакција.

    Од Генералштабот на АРМ велат дека тоа нема врска и нема промена на борбената готовност по вчерашниот напад во Собранието.
    „ АРМ ги извршува редовните активности, нема зголемена борбена готовност, ги обавуваме должностите предвидени со Уставот и законските акти. Армијата е распоредена на границите и се знае кога АРМ може да дејствува“, изјавиja од Генералштабот за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Според Уставот, „воена состојба настапува кога претстои непосредна воена опасност од напад врз Републиката или кога Републиката е нападната или и е објавена војна. Воена состојба прогласува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници по предлог од претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници. Ако Собранието не може да се состане, одлука за прогласување на воена состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира