ЈАДЕШЕ ЛИ ГУЛАШ, МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ГО ПРАША АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ, КОЈ ГО ПОСЕТИ ГРУЕВСКИ ВО БУДИМПЕШТА

    ЈАДЕШЕ ЛИ ГУЛАШ, МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ГО ПРАША АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ, КОЈ ГО ПОСЕТИ ГРУЕВСКИ ВО БУДИМПЕШТАНа денешното рочиште Јанакиески беше донесен од куќен притвор. На Груевски му се суди во отсуство. - Обвинетите Миле Јанакиески и Александар Трајковски (Фото:СДК.МК)

    Пред почетокот на судењето за насилствата во Општина Центар и за шамарите за ексградоначалникот Андреј Жерновски што ги нарача избеганиот експремиер Никола Груевски, Миле Јанакиески го праша кообвинетиот Александар Трајковски: „Јадеше гулаш, а?”.

    „Јадев бе, зошто да не јадам. Има дана за мегдана”, му одговори Трајковски, кој по бегството на Груевски му беше на гости во Будимпешта.

    Царината отвори дисциплинска постапка против него како вработен за неодењето на работа и за приватната посета на азилантот Груевски додека бил на боледување, а истрага спроведува и Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

    На денешното рочиште Јанакиески беше донесен од куќен притвор. На Груевски му се суди во отсуство.

    Ова е најстариот предмет на СЈО, кој помина низ најмногу блокади, смена на судии, недоаѓања и разболувања на обвинетите, издвојување на постапки.

    Се очекува денеска да бидат пуштени бомби за овој случај.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари