ЈАНЕВА ИМ СЕ ИЗВИНИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ДЕКА И СЕ СЛОШИЛО, РАСПРАВАТА ВО СОБРАНИЕТО ПРОДОЛЖУВА ДЕНЕСКА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЈАНЕВА ИМ СЕ ИЗВИНИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ДЕКА И СЕ СЛОШИЛО, РАСПРАВАТА ВО СОБРАНИЕТО  ПРОДОЛЖУВА ДЕНЕСКА

    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вчеравечер им се извини на пратениците оти поради нејзината здравствена состојба морала да ја напушти седницата на Комисијата за политички систем на која се расправаше за шестмесечниот извештај. Таа ја напушти речиси 10-часовната седница откако и се слоши, а потоа на официјалниот сајт на Специјалното обвинителство беше објавено нејзиното извинување до пратениците, како и дека побарала лекарска помош и дека здравствената состојба ѝ е под лекарски надзор и контрола.

    Седницата, на која втор ден се расправаше за извештајот за работата на СЈО беше прекината, а претседателот на Комисијата Влатко Ѓорчев продолжението го закажа за денеска од 13 часот.

    „Навистина ми е жал што поради мојата здравствена состојба морав да ја напуштам седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и се извинувам на сите пратеници  што денес не сум во можност повеќе да присуствувам на седницата“, изјави Јанева.

    Бурната седница вчера измина со многу кавги меѓу пратениците и напади кон Специјалната јавна обвинителка. Јанева побара од Собранието да го укине членот од законот за СЈО со кој се дефинира рок за истрагите од 18 месеци. Во еден момент, Јанева на пратеничката Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ лично ѝ ја предаде нејзината иницијатива за измена на Законот за заштита на сведоци што ја има поднесено уште на 1 април годинава, и ѝ рече: “Штом Собранието носи многу закони, еве повелете, ова е мојата иницијатива што ја поднесов до Собранието, преточете ја во закон, ве молам“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира