ЈАНЕВА МОЖЕ ДА ИЗБЕГА, АПЕЛАЦИЈА ОДЛУЧИ ТАА И НАТАМУ ДА ОСТАНЕ ВО ШУТКА

    ЈАНЕВА МОЖЕ ДА ИЗБЕГА, АПЕЛАЦИЈА ОДЛУЧИ ТАА И НАТАМУ ДА ОСТАНЕ ВО ШУТКАРазрешената специјална обвинителка Катица Јанева на 24 септември беше на распит во Обвинителството за организиран криминал, но одби да даде исказ пред да ги види доказите против неа. (Фото: Роберт Атанасовски/пул)

    Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на притворената поранешна специјална обвинителка и одлучи да остане и натаму во притвор во Шутка.

    Судиите во кривичниот совет одлучиле да ја укинат точката 2 за влијание врз сведоци, бидејќи истрагата, како што соопшти Обвинителството за организиран криминал и корупција, во делот за нејзино влијание во „Империја“, е завршена и таа повеќе не може да влијае врз сведоците.

    Сепак, поради опасност од бегство, таа ќе седи и натаму во притвор, одлучија судиите.

    Јанева го тера второто продолжение на притворот од по 30 дена за „Рекет“, кај што е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувањата како шефица на СЈО.

    Во Шутка е и Бојан Јовановски, за чиј притвор со нови 30 дена во четврток на јавна седница ќе одлучува кривичниот совет на Апелација. Третиот осомничен Зоран Милевски е веќе во домашен притвор.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира