ЈАНКУЛОСКА ДЕНЕС ПРОТИВ ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ОД 6 ГОДИНИ ЗА „ТЕНК“, АПЕЛАЦИЈА НА ПОПОВСКИ МУ ЈА СКУСИ ОД 6 И ПОЛ НА 4 И ПОЛ ГОДИНИ

    ЈАНКУЛОСКА ДЕНЕС ПРОТИВ ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ОД 6 ГОДИНИ ЗА „ТЕНК“, АПЕЛАЦИЈА НА ПОПОВСКИ МУ ЈА СКУСИ ОД 6 И ПОЛ НА 4 И ПОЛ ГОДИНИЕксминистерката Гордана Јанкулоска го осуди бегството на нејзиниот поранешен шеф и партиски лидер Никола Груевски, но никогаш во текот на судењето не го обвини дека ја терал од парите на полицајците да му го набави тоа на „М“.

    Гордана Јанкулоска, неправисилно осудена на 6 години затвор за злоупотреба на службената положба како министер за внатрешни работи, која од парите на полицијата му купи на нејзиниот претпоставен Никола Груевски по негова желба луксузен мерцедес од 600 илјади евра, денеска требаше да се соочи со советот на судии во Апелациониот суд Скопје, од кои бара да ѝ ја укинат затворската казна. Јавната седница беше одложена поради оправдано отсуство на нејзините адвокати и презакажана за 25 февруари.

    Јанкулоска и адвокатите требаше да ја аргументираат жалбата на затворската пресуда, која ѝ беше изречена во Основниот суд Скопје 1 во издвоена постапка. Судењето таа го почна со веќе осудените Никола Груевски и Ѓоко Поповски од МВР, кој го спровел незаконскиот тендер со помош на Јанкулоска и на барање на тогашниот премиер Никола Груевски, како нивен претпоставен. Поповски доби првично казна затвор од 6 и пол години, а Груевски за поттикнување, две години затвор.

    По жалба пред Апелација, каде Поповски на јавна седница на судиите им рече: „Не можете по магарето, па удривте по самарот“, Судот му ја намали казната на 4 и пол години затвор. На Груевски на истата седница на 5 октомври му беше потврдена затворската казна, а по еден месец, кога истекоа сите рокови за жалби и приговори на упатниот налог за во затвор, тој избега во Унгарија и доби азил.

    Јанкулоска беше во издвоена постапка бидејќи беше бремена. По породувањето таа беше осудена. За разлика од Поповски, Специјалното јавно обвинителство за неа не побара притвор, иако казната беше висока. Обвинителката Фатиме Фетаи по изрекувањето на пресудата рече дека бебето е недолжно за постапката на својот родител и затоа нема да бара притвор за мајка му.

    Ако Апелациониот суд Скопје ја намали, остави иста, ја зголеми, односно потврди затворска казна за Јанкулоска, законот ја штити моментално неа да не оди веднаш во затвор. Ја штити со сигурност додека детето не наполни една година. Но, не значи дека при евентуална правосилна затворска пресуда, Јанкулоска и други случаи како неа, не може да бараат и да добијат одлагање на извршување на казната, вели законот за извршување на санкциите. Битни се аргументите со кои се бара одлагањето. На Груевски не му беа прифатени. На 9 ноември лани избега во Унгарија, каде доби азил.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира