ЈАНКУЛОСКА ЌЕ ОДИ В ЗАТВОР ЗА „ТЕНК“ НА ПРВИ ЈУЛИ ЗАШТО ИМА МАЛО ДЕТЕ ЗА ЧУВАЊЕ, ОДЛУЧИ КРИВИЧНИОТ СУД

    ЈАНКУЛОСКА ЌЕ ОДИ В ЗАТВОР ЗА „ТЕНК“ НА ПРВИ ЈУЛИ ЗАШТО ИМА МАЛО ДЕТЕ ЗА ЧУВАЊЕ, ОДЛУЧИ КРИВИЧНИОТ СУДНа 28 март годинава, Апелација ѝ ја намали казната на ексминистерката Гордана Јанкулоска од 6 на 4 години затвор (Фото: К. Попов)

    Судија за извршување санкции во Основниот суд Скопје 1 донесе решение да го одложи почетокот на извршувањето на затворската казна на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, осудена за незаконската набавка на луксузниот мерцедес по желба и нарачка од нејзиниот поранешен шеф и премиер Никола Груевски. Причината за одложувањето е што таа има дете под едногодишна возраст.

    Пресудата на Апелациониот суд, со која делумно се уважува жалбата на Г. Ј. на начин што се преиначува само во делот на казната, веднаш е распоредена кај судија за извршување санкции. Постапувајќи по барање на обвинетата, судијата донесе решение со кое се одобрува одложување на извршувањето на санкцијата, до 01. 07. 2019 година, заради чување на дете“, соопшти Основниот суд Скопје 1.

    На 28 март 2019, Апелациониот суд Скопје ѝ ја намали затворската казна на Јанкулоска од 6 на 4 години.

    Избеганиот во Унгарија Никола Груевски за незаконито влијание да му се купи токму „мерцедес С 600 гард“, а не блиндирано возило од друга поевтина марка, веќе има правосилна пресуда од две години затвор.

    Тогашниот помошник-министер Ѓоко Поповски, кој ја спровел незаконската набавка со фаворизирање на „Макаутостар“ како единствен понудувач, првично доби затворска казна од 6,5 години. Апелациониот суд Скопје на 5 октомври лани му ја намали на 4 години и 6 месеци.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира