ЈАНКУЛОСКА НЕ СЕ ЧУСТВУВА ВИНОВНА, РАСПИТОТ ПРЕКИНАТ НА СУДИЈАТА МУ СЕ СЛОШИ

a:1:{s:9:"td_source";s:23:"Скопје(МЕТА)

    ЈАНКУЛОСКА НЕ СЕ ЧУСТВУВА ВИНОВНА, РАСПИТОТ ПРЕКИНАТ НА СУДИЈАТА МУ СЕ СЛОШИ

    Денешното сослушување на осомничените во случајот „Тврдина“, меѓу кои е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, е прекинато затоа што на судијата на претходна постапка не му било добро, потврдија од судот за „Мета“. Од судот велат дека странките дополнително ќе бидат повикани за продолжување на сослушувањето.

    По околу четири часа распит, поранешната министерка Јанкулоска го напушти судот со своите адвокати.

    Јанкулоска рече дека сослушувањето е одложено, но не сакаше да ги соопшти причините за тоа и остави за нив да се произнесе судот.

    Во врска со случајот „Тврдина“, таа рече дека не се чувствува виновна, а за истрагите на Специјалното јавно обвинителство искоментира дека се дел од политичката агенда на ова обвинителство и дека очекува во наредниот период да има и нови истраги.

    – Не се чувствувам виновна ниту по наводите од овој ниту, пак, за претходниот случај на СЈО. Додека бев министер, должноста ја извршував чесно, професионално и во интерес на Република Македонија – рече Јанкулоска.

    Судија на претходна постапка денеска требаше да донесе одлука по барањето на СЈО на осомничените да им бидат одредени мерки на претпазливост. На сослушувањето беа присутни и обвинители од СЈО, кои пред судијата требаше да ги образложат причините поради кои бараат мерки на претпазливост за осомничените.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира