Јапонската амбасадорка Кеико Ханеда денеска со вицепремиерот Никола Димитров потпишаа и разменија ноти за грант помош од 813.000 евра за итна помош на здравствените институции кои се справуваат со КОВИД-19, соопшти Јапонската амбасада во Скопје.
„Овој грант во вредност од 813.000 евра е за набавка на медицинска опрема и има цел да ги зајакне капацитетите на болниците како КОВИД-19 помош, дополнително од редовните половина милион евра грант помош кои секоја година се доделуваат на болници, училишта и општини во Северна Македонија“, се вели во соопштението.
Во изминатите три години преку 30 проекти Јапонија обезбеди речиси 3 милиони евра неповратна помош, вклучувајќи го и културниот грант за Македонската опера и балет.