ЈАС ГО КООРДИНИРАВ РАЗРЕШУВАЊЕТО НА ДИРЕКТОРОТ НА СТРУШКАТА БОЛНИЦА, ВЕЛИ ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ

    ЈАС ГО КООРДИНИРАВ РАЗРЕШУВАЊЕТО НА ДИРЕКТОРОТ НА СТРУШКАТА БОЛНИЦА, ВЕЛИ ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ„Нема компромиси кога е во прашање здравјето на граѓаните“, вели Николовски. (Фото: Фејсбук)

    Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски денеска кажа дека директорот на струшката болница Мухамед Асани е разрешен, бидејќи нема компромиси кога е во прашање здравјето на граѓаните. Николовски вели дека бил во постојана координација со надлежниот инспекторат и биле преземени сите мерки во нивна надлежност.

    „Изминатиот период бев во постојана координација со надлежниот инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој веднаш ги презеде сите мерки што се во нивна надлежност. Инспекторатот изврши вонреден надзор, и по констатирањето дека во домот на Асани има дива гинеколошка ординација веднаш му издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност“, напиша Николовски на Фејсбук, додавајќи дека во тек е истражна постапка по пријава за кривична одговорност во Основното јавно обвинителство Струга.

    Случајот за Асани го пријави пациентка од Дебар, која при породувањето со царски рез кој го вршел Асани во струшката болница остана без матка, јајник и бубрег, а докторот целата бременост ѝ ја водел во дивата ординација дома.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира