Платформата за родова еднаквост денес организираше протестен марш за поддршка на жртвите на групата Јавна соба на Телеграм. Учесниците маршираа од Министерството за внатрешни работи, преку булеварот Кочо Рацин и кејот Димитар Влахов до зградата на Јавното обвинителство.
Организаторите на настанот побараа од МВР И ОЈО да ја затворат групата Јавна соба и сите членови да добијат соодветни казни, да го регулираат сексуалното вознемирување со закон и да се овозможи соодветна грижа за жртвите.
„Ги охрабруваме жртвите на ‘Јавна соба’, доколку се подготвени, да ја искористат оваа шанса, да проговорат и да побараат правда. Овој случај е шанса за институциите да покажат дека се залагаат за женските права и во пракса, а не само декларативно“, велат од платформата за родова еднаквост.
За случајот Јавна соба досега се приведени четири лица.
К. СЕЛАМОВСКА