ЈОХАН ТАРЧУЛОВСКИ КАНДИДАТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА КИСЕЛА ВОДА

    ЈОХАН ТАРЧУЛОВСКИ КАНДИДАТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА КИСЕЛА ВОДАЈохан Тарчуловски како пратеник ќе се кандидира за градоначланик на скопската општина. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Јохан Тарчуловски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Кисела Вода, соопштија денеска од партијата.

    Тарчуловски е актуелен пратеник во Собранието, еден од петмината од ВМРО-ДПМНЕ кои МВР, по наредба на Скопското обвинителство на 25 мај, ги идентификуваше дека се лицата од снимките на безбедносните камери кои ги отворија вратите за да влезат насилниците во Собранието на 27 април.

    Тарчуловски е поранешен осуденик на Хашкиот суд за воени злосторства направени за време на конфликтот во 2001 година. Актуелната градоначалничка на Кисела Вода Билјана Беличанец соопшти се враќа на својата професија, на глумата.

    Поранешниот премиер Емил Димитриев, сега член на Извршниот комитет на партијата, денеска на прес конференција ги објави имињата на триесетина кандидати за градоначалници за локалните избори на 15 октомври.

    За Битола кандидат е актуелниот пратеник Зоран Илиоски, во Штип втор мандат ќе бара актуелниот градоначалник Илчо Захариев. Во Охрид е кандидиран докторот Митко Тилев, за Ресен актуелниот градоначалник Ѓоко Стрезовски. Втор мандат ќе бара Борче Стамов во Дојран и Арсенчо Алексовски во Крива Паланка.

    Од скопските општини Димитриев објави дека кандидат Бутел е Дарко Костовски, а во Чаир Нермин Теловска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира