Пратеникот од СДСМ Јован Митрески е новиот претседател на Собранието, откако денеска со 64 гласови „за“ и 40 „против“ беше избран на функцијата.
По ова беше извршено примопредавање во кабинетот на Талат Џафери кој вчера си поднесе оставка и се спрема да добие мандат денеска од претседателот Стево Пендаровски, за утре да му поднесе на Парламентот предлог за нова, техничка Влада во која ќе биде и ВМРО-ДПМНЕ.
Митрески на функцијата ќе остане до крајот на мандатот на овој парламентарен состав.
Ковачевски и Џафери не ги образложија своите оставки, зашто се подразбираат и произлегуваат како законска обврска.
Техничкиот премиер Џафери и техничката Влада треба да бидат изгласани најдоцна до недела на полноќ. Од таквата Влада се чека да ги спроведе изборите на 8 мај 2024 година, а потоа ќе има нов Парламент и нова Влада.
С. К. ДЕЛЕВСКА