РЕДОВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ ГИ ПРЕЗЕМЕ БОМБИТЕ ОД СЈО И ЌЕ ГИ КОРИСТИ КАКО ДОКАЗ

    РЕДОВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ ГИ ПРЕЗЕМЕ БОМБИТЕ ОД СЈО И ЌЕ ГИ КОРИСТИ КАКО ДОКАЗЈавниот обвинител Љубомир Јовески денеска одржа генералниот колегиум во присуство и на вишите јавни обвинители и обвинителството за организиран криминал. (Фото: СДК.МК)

    Јавниот обвинител Љубомир Јовески го оцени како мешање на Врховниот суд во работењето на судовите и на обвинителствата мислењето со кое кажа дека предметите СЈО пред Врховен суд ќе паднат ако поминал рокот од 18 месеци од преземањето на бомбите од СДСМ и додаде дека со мислењето кое донесе општа седница на 30 јануари 2019 Врховниот суд внесува и правна несигурност во системот. Јовески најави и дека редовното обвинителство за организиран криминал и корупција ќе ги преземе предметите од СЈО за кои тоа ќе одлучи дека не е надлежно да постапува по нив. Тој рече и дека во преземените предмети редовното обвинителство ќе ги користи и бомбите како доказ.

    Ова било договорено на генералниот колегиум кој го одржа денеска во присуство и на вишите јавни обвинители и обвинителството за организиран криминал. Меѓутоа, на прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК, дали ако на пример во истрагата на СЈО „Империја“ Апелациониот суд ги потврди и натаму мерките притвор за осомничените и ако осомничените Орце Камчев, Сашо Мијалков, Цветан Панделески и другите се жалат до Врховниот суд, Врховниот суд може да постапи по своето мислење и да ги ослободи, Јовески одговори: „Тоа е работа на Врховниот суд“.

    На прашање зошто ако Врховниот суд излегол од своите надлежности и се замешал во работата на Собранието, толкувајќи член од закон за рокот за истраги и обвиненија, зошто тогаш не се остават работите како што се и зошто се бара автентично толкување, Јовески одговори: „Целта на автентичното толкување е да се прецизира членот 22 бидејќи на еден начин го толкува Врховниот суд, а на друг обвинителството, и да се види што мислел законодавецот кога го носел законот за СЈО, односно членот 22“.

    На колегиумот било утврдено дека и покрај тоа што во начелното мислење Врховниот суд вели дека двата услови се кумулативни, што значи се мерат тие 18 месеци од преземањето на бомбите и од предметите од редовното обвинителство, сепак Врховниот суд го ограничува постапувањето само од преземањето на бомбите, а се знае дека бомбите се земаа порано, а предметите покасно.

    Апелациониот суд денеска донесе одлука Камчев да остане во куќен притвор. Сега тој има право да поднесе жалба до Врховниот суд и највисокиот суд додека патува барањето за автентичното толкување и додека Собранието ја стави на дневен ред оваа точка да си се води по своето мислење и да го ослободи него и сите други притворени во случајот „Империја“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира