КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ 40 МИНУТИ ЈА ПРЕКИНАА ПРОГРАМАТА, МИНИСТЕРОТ МАНЧЕВСКИ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ ТУЖАТ

    КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ 40 МИНУТИ ЈА ПРЕКИНАА ПРОГРАМАТА, МИНИСТЕРОТ МАНЧЕВСКИ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ ТУЖАТМинистерот Манчевски вели дека прекинот на програмата е незаконски и казната е до 20.000 евра (Фото: СДК.МК)

    Кабелските оператори денеска 40 минути го прекинаа емитувањето на ТВ каналите. На црните екрани беше испишана порака со која на корисниците им се објаснува дека прекинот на програмата е „поради наметнати неуставни обврски од Владата со Законот за аудио и аудиовизуелни услуги“. Операторите единствено операторите не ги исклучија каналите на јавниот сервис МРТ.

    Причината за исклучување на програмата, според оператерите е усвојувањето на измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги по скратена и нетранспарентна постапка, без претходна консултација и расправа. Со овој Закон, на сите оператори им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програмите кои само ги реемитуваат и за тоа да сносат кривична и материјална  одговорност. Тие тврдат дека реемитувањето на програми и авторските права е согласно ЕУ стандардите и е веќе уставно регулирано со закон.

    За исклучувањето на програмата реагираше министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски кој на Фејсбук напиша дека ваквиот чекор е незаконски. Манчевски ги наведе членовите од Законот за електронски комуникации кои се прекршени и дека казната е до 20.000 евра.

    „Покрај ова, сите претплатници на операторите имаат законско право да бараат и право за надоместок на штета од страна на операторите, поради прекршување на одредбите од претплатничките договори и можат да бараат соодветна правна заштита преку Агенцијата за електронски комуникации, како надлежно регулаторно тело. Што се однесува до тоа дали е нешто уставно или не, надлежна институција е Уставниот суд“, вели Манчевски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира