КАФАНЏИИТЕ ЛАЖАТ ДЕКА НИКОЈ НЕ ГИ КОРИСТИ МЕРКИТЕ ЗА ПОМОШ И ДЕКА СЕ ОТПУШТЕНИ 15.000 РАБОТНИЦИ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ БЕКТЕШИ

    КАФАНЏИИТЕ ЛАЖАТ ДЕКА НИКОЈ НЕ ГИ КОРИСТИ МЕРКИТЕ ЗА ПОМОШ И ДЕКА СЕ ОТПУШТЕНИ 15.000 РАБОТНИЦИ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ БЕКТЕШИБектеши на прес-конференција рече дека не се вистинити информациите што вчера ги изнесе Туристичко-угостителската комора на Македонија, а тоа го докажува фактот што поради големиот интерес фондот за средства преку Банката за развој бил дополнет со 8 милиони евра. (Фото: Влада на РСМ)

    Не е време за уцени туку време кога секој треба да понесе по дел од товарот и да даде придонес, рече министерот за економија Крешник Бектеши откако вчера дел од угостителите најавија дека нема да ги користат мерките бидејќи биле неупотребливи и ќе им создале дополнителни долгови. Тој кажа и дека не се точни тврдењата за отпуштени 15.000 работници од угостителството.

    Бектеши на прес-конференција рече дека не се вистинити информациите што вчера ги изнесе Туристичко угостителската комора на Македонија, а тоа го докажува фактот што поради големиот интерес фондот за средства преку Банката за развој бил дополнет со 8 милиони евра. Министерот кажа дека не се точни ниту тврдењата за отпуштени 15.000 работници од угостителството.

    „Како министер за економија лично имам присуствувано на состанок со сите стопански комори, каде што барањата за исплата на минималната плата беше клучно за задржување на вработените во секторот, за сега да слушнеме од Туристичко-угостителската комора при ССКМ дека нема да ги искористат сите мерки. За нас како Министерство за економија е многу важно субвенциите да одат кај вистинските угостители, односно угостители кои во минатиот период пред кризата редовно ги подмирувале сите давачки кон државата. Многу е јасно дека сите по нешто ќе изгубиме во оваа криза, работниците од платата, а угостителите секако од профитот. Државата исто ќе има големи загуби. Но, важно е сите да го пребродиме ова заеднички“, рече Бектеши.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира