1.000 УГОСТИТЕЛИ НАЈАВИЈА ДЕКА НЕМА ДА ГИ КОРИСТАТ МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА ОТИ ДОПОЛНИТЕЛНО ЌЕ ГИ ЗАДОЛЖЕЛЕ

    1.000 УГОСТИТЕЛИ НАЈАВИЈА ДЕКА НЕМА ДА ГИ КОРИСТАТ МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА ОТИ ДОПОЛНИТЕЛНО ЌЕ ГИ ЗАДОЛЖЕЛЕНа денешната прес-конференција дел од угостителите прашаа зошто месец март не е вклучен во мерките за помош, со оглед на тоа дека не работеле половина месец.(Фото: Сојуз на стопански комори)

    Угостителите од сите градови во земјата преку Туристичко– угостителската комора на Македонија, денеска најавија дека нема да ги користат мерките на Владата. На денешната прес-конференција кажаа дека мерките само ќе им создадат дополнителни долгови, а нема да им помогнат, и прашуваат зошто месец март не е вклучен за добивање помош со оглед на тоа дека не работеле половина месец.

    „Добивме несоодветни, нејасни и нецелосни мерки и уредби, кои и покрај апелите не беше разбрано дека малите субјекти немаат капацитети да ги спроведат, а воедно ниту се доволни. По долго исчекување и детална анализа на сите најавени мерки, а во правец на зачувување на дејноста, како субјекти од дејноста угостителство, преземаме чекори за намалување на загубите и трошоците кои секојдневно се генерираат. Еден од тие чекори е и во состојба кога институциите не ни помогнаа да се грижиме за лицата вработени во овој сектор, сега ќе и дозволиме директно за нив да им покаже грижа државата. На овој начин институциите можат директно да им помогнат без притоа дополнително да не задолжуваат со кредити за придонеси и другите натрупани трошоци“, изјави Мартин Ангеловски од Групацијата за угостителство

    Ангеловски кажа дека досега помошта која им е понудена од Владата е во вид на заем и тоа недоволен само за нето плата, а очекувале директна, безусловна и правична помош од страна на институциите.

    Во вториот пакет економски мерки Владата им понуди на фирмите погодени од кризата со КОВИД-19, субвенции за минамална плата за вработени за месеците април и мај.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари