КАЛАЈЏИЕВ ЌЕ ПЛАТИ 50 ЕВРА КАЗНА ЗА ФРЛАЊЕ БОЈА НА ПРОТЕСТ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАЛАЈЏИЕВ ЌЕ ПЛАТИ 50 ЕВРА КАЗНА ЗА ФРЛАЊЕ БОЈА НА ПРОТЕСТ

    Проф. Гордан Калајџиев, прeтседател на Хелсиншкиот комитет на Македонија и професор на Правниот факултет на УКИМ, е казнет со парична казна од 50 евра или 8 дена општокорисна работа за учество на протест на Шарената револуција. Против него е поднесена прекршочна пријава за нарушување на одредби од законот за чистота, поради фрлање боја. Калајџиев вели дека ќе ја плати казната од 50 вера.

    Проф. Калајџиев утрово во 9 часот е повикан на информативен разговор во МВР, во врска со негово учество на протест на Шарената револуција, а како што изјави за Дојче веле, поканата за информативен разговор му ја предале полицајци, кои со службено полициско возило го дочекале пред неговиот дом, кога тој со синот се враќал од прошетка низ градот.

    „Ова е еден вид автогол на тоталитарната власт. На разговор се повикуваат лица кои се залагаат за правда и правна држава, додека најголемите криминалци се на слобода и под заштита на полицијата. Како причина за поканата за разговор, буквално стои ‘учество во протести’. Учеството во протест не е уставно забранета категорија. Претпоставувам дека ќе ме товарат за фрлање боја, а мојот одговор ќе биде дека тоа е нужна одбрана на правната држава, бидејќи на граѓаните не им останува друго средство. Таа ‘штета’ од бојата е симболична и многу помала од државниот удар што и е нанесен на Македонија“, изјави проф. Калајџиев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари