Бизнисменот Јордан Камчев, обвинет во случајот „Плацеви на Водно“, излегува од притвор откако Апелациониот суд Скопје денеска ја прифати неговата жалба, со гаранција од 11 милиони евра во имот и кеш, потврдија од судот за државната агенција МИА.
Камчев од 30 декември е на лекување во приватната болница „Аџибадем Систина“, откако во затворот во Шутка се пожалил на силни и континуирани болки во стомакот.
Камчев е во притвор од март 2021, кога беше приведен под сомнеж дека планира бегство. Со денешната одлука на Скопска апелација, тој ќе биде без пасош, и со обврска еднаш неделно да се јавува во судот.
На 29 декември 2021, Апелациониот суд го ослободи од притвор Сашо Мијалков, исто така, обвинет во „Плацеви на Водно“. И неговата гаранција беше 11 милиони евра, во недвижен и движен имот.