КАМЧЕВ МИ ПРЕФРЛИ 11 ИЛЈАДИ ЕВРА И ВЕДНАШ МУ ГИ ВРАТИВ ЗА ДА ИЗГЛЕДА ПОРЕАЛНА ПРОДАЖБАТА НА „СИРАХ“ КОЈА ГО ИМАШЕ ЗЕМЈИШТЕТО НА ВОДНО, СВЕДОЧИ КУМОТ НА ГРУЕВСКИ

    КАМЧЕВ МИ ПРЕФРЛИ 11 ИЛЈАДИ ЕВРА И ВЕДНАШ МУ ГИ ВРАТИВ ЗА ДА ИЗГЛЕДА ПОРЕАЛНА ПРОДАЖБАТА НА „СИРАХ“ КОЈА ГО ИМАШЕ ЗЕМЈИШТЕТО НА ВОДНО, СВЕДОЧИ КУМОТ НА ГРУЕВСКИОбвинетиот Јордан Камчев на претходно рочиште за „Плацеви на Водно“. (Фото: СДК.МК)

    Откaко призна и опиша како Никола Груевски како скриен газда на „Сирах инженеринг“ од Скопје, фирма ќерка на „Сирах лимитед“ од Белизе, ги купил плацевите на Водно, Ристо Новачевски, кумот на избеганиот експремиер, продолжи на денешното судење за „Плацеви на Водно“ да сведочи како Орце Камчев потоа го спасувал Груевски.

    „Некаде во август 2015 година Орце Камчев ми кажа дека мора да се случи сè брзо, ми кажа дека не само земјиштето, туку ќе ја купи и фирмата Сирах инженеринг. Отидов, имаше доста документи за пренос на удели кои требаше да ги потпишам“, кажа Новачевски.

    „Дали учествувавте во обезбедување полномошно што ви даваше право да потпишувате документи“, праша неговиот адвокат.

    „Не учествував“, одговори кусо кумот на Груевски.

    Што се случи потоа, праша адвокатот.

    „Есента 2015-та, Камчев ме побара и ми кажа да потпишеме некој договор околу мојот ангажман во фирмата за фиктивен надоместок, за да сето тоа изгледа пореално. Тоа се случи во Систина, во канцеларијата на Камчев. За таа цел формиравме сметка во Стопанска банка. Како што стигнаа 11 илјади евра, така ги предадов на Јордан Камчев“, раскажа Новачевски.

    Овој судски процес е за плацевите што ги купил поранешниот премиер Никола Груевски на Водно, неурбанизирани за 1,2 милиони евра, со пари за кои е обвинет дека ги украл од членарините на луѓето од ВМРО-ДПМНЕ што мислеле дека даваат за партијата.
    Тие пари од членовите на ВМРО-ДПМНЕ, потоа Груевски, според обвинението, ги испрал со помош на сообвинетите: Јордан Камчев, Сашо Мијалков, кумот на Груевски Ристо Новачевски, адвокатот на Орце Ненад Јосифовиќ и мајката Ратка Куновска – Камчева.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира