Камион пропадна во фонтаната на Плоштад Македонија, додека траат подготовките за свечениот пречек на ракометарите на Вардар за освоената шампионска титула во ракометната Лига на шампиони.
Ракометарите пред малку слетаа на аеродромот „Александар Велики“, а според агендата за свечениот пречек, кој го организира град Скопје, тие на плоштад треба да пристигнат во 13 часот.