КАНЧЕСКА – МИЛЕВСКА ПО РАСПИТОТ ЗА „ТЕНДЕРИ“ ГО ОБВИНИ СЈО ЗА ПОЛИТИЧКИ ТЕАТАР

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    КАНЧЕСКА – МИЛЕВСКА ПО РАСПИТОТ ЗА „ТЕНДЕРИ“ ГО ОБВИНИ СЈО ЗА ПОЛИТИЧКИ ТЕАТАР

    Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска по излегувањето од Кривичниот суд, каде денеска беше на распит за случајот „Тендери“ рече дека станува збор за политички театар на СЈО.

    Канческа-Милевска во судот се задржа околу два часа. Таа рече дека останува на изјавата дадена минатиот четврток и дека на денешното сослушување од СЈО не биле приложени нови докази.

    „Станува збор за чист политички театар организиран од Социјалдемократскиот сојуз, а во кој учествува и Специјалното јавно обвинителство, како поддршка за оваа партија во овој предизборен период. Останувам на изјавата што претходно ја дадов“, рече Канческа – Милевска.

    Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе ѝ биде одземен пасошот, Канческа-Милевска одговори дека новинарите „треба да ги познаваат законите“.

    Специјалното јавно обвинителство ја отвори истражната постапка за случајот во четвртокот минатата недела и уште истиот ден, како што соопштија оттаму, побарале од судот на двајца од осомничените да им бидат одредени мерки за претпазливост.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира