КАНДИДАТ ЗА ДИРЕКТОР НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ ЈА УТНАЛ НЕЈЗИНАТА АДРЕСА, ПА КОВЕРТОТ СО ДОКУМЕНТИ ЗАЛУТАЛ ВО ДРУГА ИНСТИТУЦИЈА

    КАНДИДАТ ЗА ДИРЕКТОР НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ ЈА УТНАЛ НЕЈЗИНАТА АДРЕСА, ПА КОВЕРТОТ СО ДОКУМЕНТИ ЗАЛУТАЛ ВО ДРУГА ИНСТИТУЦИЈАВо разговорот со членовите на Управниот одбор, ни рекоа дека е важно дека го погодил називот на институцијата. - Од вчерашната седница на УО на Академијата за судии и јавни обвинители (Фото: СДК.МК)

    Задоцнет коверт со документи за конкурсот за директор на Академијата за судии и обвинители кој прошетал до погрешна институција поради утната адреса, стаса таму дури вчера и го одложи изборот на прв човек на институцијата.

    Тамам се собра, новиот Управен одбор кажа дека сепак точката за избор ќе се одложи за петок, зашто по пошта стигнала нова, четврта апликација од судијата Андреј Димовски од Граѓанскиот суд Скопје.

    Судијата иако е од Скопје, каде што е и Академијата за судии и јавни обвинители, документите ги испратил по пошта.

    Во разговорот со членовите на Управниот одбор, ни рекоа дека е важно дека го погодил називот на институцијата.

    „Сè си беше точно, на пример тоа: ‘До Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев’, само адресата беше на друга институција. Патем, законско право е кандидатот да ги испрати документите и по пошта”, кажаа дел од членовите.

    Огласот одамна е завршен и на него се пријавија досегашната директорка професорката Наташа Габер – Дамјановска, судијата од одделот за организиран криминал во Кривичниот суд Ненад Савески и судијката од Граѓанскиот суд Емилија Шопар – Јовановска.

    На прашање зошто му ги прифаќаат документите на затворен оглас на судијата кој ја згрешил адресата на Академијата и поради тоа го одлагаат закажаниот избор на директор, УО кажа дека Димовски има право да конкурира по пошта.

    Вчера на задоцнетиот кандидат на конкурсот му се посреќи со документите со згрешена адреса, но не и претходно со оценувањето во Судскиот совет.

    На вчерашната седница тој имаше приговор поради тоа што Судскиот совет му ставил Единица за работењето.

    Приговорот му беше отфрлен, негативната оценка остана.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира