КАНДИДАТИТЕ ЗА СУДИИ ВО СТРАЗБУР ГАБЕР, ИЛИЕВСКИ И ЈАНКУЛОВСКИ НЕ ЗНААТ ДАЛИ ЈА ПОМИНАЛЕ ПРВАТА СЕЛЕКЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАНДИДАТИТЕ ЗА СУДИИ ВО СТРАЗБУР ГАБЕР, ИЛИЕВСКИ И ЈАНКУЛОВСКИ НЕ ЗНААТ ДАЛИ ЈА ПОМИНАЛЕ ПРВАТА СЕЛЕКЦИЈА

    Уставната судијка Наташа Габер, обвинителот за организиран криминал и корупција Јован Илиевски и aмбасадорот на Македонија во Ватикан Звонимир Јанкуловски, немаат информација дали поминале на првата селекција во Европскиот суд за човекови права и слободи во Стразбур. Немаат абер ни дали кон крајот на овој месец, кога ќе бидат викани на интервју сите кандидати од европските држави кои имаат упразнети судиски места во Стразбур, ќе бидат повикани и тие.

    Оваа најнова листа од тројца кандидати од Македонија треба да помине прва селекција кај Меѓународниот советодавен панел на експерти на Советот на Европа, а дури потоа следат интервјуата.

    Ова е вторпат комисијата предводена од МНР да испраќа листа од тројца кандидати од Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права, на местото на судијата Мирјана Лазарова – Трајковска, чиј мандат во овој суд истекува во јануари. На првата листа беа директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска, судијата Едита Наскова и Јован Илиевски, но Меѓународниот советодавен панел ја врати листата, со образложение дека Наскова и Арнаудовска не ги исполнувале условите за судија во Стразбур.

    Од МНР вчера беа недостапни за коментар до кај е работата со втората листа на кандидати од Македонија и дали тие воопшто поминале кај Меѓународниот советодавен панел на експерти на Советот на Европа

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира