КАРАЏОВСКИ ЈА БОЈКОТИРА СОБРАНИСКАТА КОМИСИЈА ЗА ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ

    КАРАЏОВСКИ ЈА БОЈКОТИРА СОБРАНИСКАТА КОМИСИЈА ЗА ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМПретседателот на комисијата Александар Кирацовски рече неколку пати го барал Караџовски, но не добил одговор дали ќе присуствува на седницата. - Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски; Од денешната седница на комисијата (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Судски совет Зоран Караџовски, иако уредно поканет, не дојде на денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи со заедниците на која што требаше да се разгледуваше извештајот за работата на Судскиот совет.

    Претседателот на комисијата Александар Кирацовски рече неколку пати го барал Караџовски, но не добил одговор дали ќе присуствува на седницата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски и Ане Лашкоска побараа да се одложи расправата за работата на Судскиот совет, бидејќи не присуствува овластен претставник.

    „На претходната седница беше присутен генералниот секретар на Судскиот совет кој е компетентен да го брани извештајот, но тогаш мнозинството не прифати тој да зборува бидејќи не бил достоен, туку требало да дојде претседателот на советот. Вие сте неконзистентен, сега барате да дојде претставник и сакате да работите без претставник“, рече Лашкоска.

    Кирацоски ја прифати забелешката на Лашкоска и рече дека ако некоја институција континуирано ја бојкотира работата на Собранието, тогаш тоа ќе биде блокирано, а за понатаму рече се размислува да се направи нешто да се воведат санкции ако некоја институција не присуствува.

    Тој пак по телефон го побара Караџовски, а за половина час се очекува да продолжи расправата во присуство на генералниот секретар на Судскиот совет.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира