КАСТРИОТ РЕЏЕПИ ОД БЕСА ГО НАПУШТИ МНОЗИНСТВОТО НА ВМРО-ДПМНЕ, ДОБИЛ ДИПЛОМАТСКИ СИГНАЛИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ВО ДЕКЕМВРИ ЌЕ ДОБИЕ ДАТУМ

    КАСТРИОТ РЕЏЕПИ ОД БЕСА ГО НАПУШТИ МНОЗИНСТВОТО НА ВМРО-ДПМНЕ, ДОБИЛ ДИПЛОМАТСКИ СИГНАЛИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ВО ДЕКЕМВРИ ЌЕ ДОБИЕ ДАТУМKоординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и неговата сопартијка, пратеничката Ангелинка Петкова, дојдоа во скафандери на денешната седница за гласање доверба на владата, поради тоа што се во изолација. (Фото: К. Попов)

    Кастриот Реџепи, еден од тројцата пратеници на Беса од заедничката листа на парламентарните избори со СДСМ, објави на Фејсбук дека нема да гласа за паѓање на владата. Тој вели дека одбрал да ѝ даде шанса на земјата во декември да добие датум за почеток на преговорите, зашто до него стигнале сигнали од странски дипломати дека Македонија во декември најверојатно ќе добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

    „Една од главните причини за мене и за политичкиот субјект Движење Беса на која припаѓам е евроатлантската интеграција на РСМ. Со оглед на политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, за доброто на процесот и силните сигнали од стратешките партнери САД и земјите од ЕУ кои ми беа доставени од високи дипломатски претставници, дека во декември земјата има голема шанса да добие датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ, решив да не учествувам на собраниската седница на која требаше да се донесе одлука со која ќе се доведе во прашање оваа витална национална и државна цел. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно, ставајќи го интересот на народот и државата на прво место. На државата во овој значаен период не и треба политичка криза и потопување во турбулентни води полни со непознати“, напиша Реџепи пред почетокот на денешната седница за гласање на доверба на владата.

    Уште е пауза во Собранието, засега нема мнозинство за пад на владата.

    Иницијативата за гласање доверба на владата ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ пред три дена, а првично на иницијативата беа потпишани 61 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса и Левица.

    Но, пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи во меѓувреме побара неговиот потпис да не стои на ист список со потписот на Димитар Апасиев, па вчера 17-мина пратеници, вклучувајќи го и лидерот на Левица ги повлекоа потписите од иницијативата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира