КАТИЦА ЈА НАПУШТИ И СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ НА ОБВИНИТЕЛИ ПОРАДИ МОБИНГ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАТИЦА ЈА НАПУШТИ И СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ НА ОБВИНИТЕЛИ ПОРАДИ МОБИНГ

    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, ја напушти седницата на Советот на јавни обвинители, со образложение дека ѝ се врши мобинг.

    „Генерално сум задоволна од тоа како течеше седницата, прашањата, презентацијата на извештајот, но морам да кажам дека последните прашања, кои повеќе беа навреди на лична основа, не беа во ред и токму од тие причини ја напуштив седницата. Мислам дека моето мислење го делат и другите членови на Советот на јавни обвинители, кои, исто така, ја напуштија седницата“, изјави денеска специјалната обвинителка Катица Јанева, по напуштањето на седницата.

    Зоран Сулејманов, член на Советот на обвинители на Јанева и рекол дека таа е непрофесионална, не си ги извршува своите обврски, неисполнителна е и дека некои работи ќе се обиде да ѝ ги објасни како што им објаснувал на неуките странки кои доаѓале кај него и се жалеле. Сулејманов рече дека Јанева ги исполнува условите Советот да побара нејзина смена.

    „Одлично течеше седницата. Ние, за разлика од она што се случуваше во Парламентот, зборувавме за струни работи, а не за политички. Зборувавме за барањето на специјалната обвинителка за пролонгирање на рокот на истрагите, ние ја прашувавме од кои причини го бара тоа, таа со примери, со конкретни истраги аргументираше. Ја прашувавме како оди преслушувањето на разговорите, таа ни ја објасни операцијата. Јанева праша по кој закон и по кој член Обвинителството на РМ не му ги дава на СЈО предметите и доказите што ги бара, се согласивме сите дека тука законот е недоречен, а таа предложи да се иницираат измени. На прашање каде се чуваат непреслушаните разговори, ни кажа дека се чуваат во два сефа од СЈО и оти само таа и еден нејзин заменик имаат клучеви од сефовите. И претседателот на Советот Петар Аневски поставуваше исклучиво стручни прашања, се додека не настапи колегата Сулејманов, по што Јанева стана и си замина, а седницата се прекина“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК член на Советот.

    На седницата не присуствувал Јавниот обвинител на РМ Марко Зврлевски, бидејќи законот за СЈО забранува мешање на државниот обвинител во работата на СЈО.

    Катица Јанева поради мобинг кои и го вршеа пратениците во собраниската Комисија за политички систем изјави дека нема веќе да присуствува на расправата, туку ќе се појави на само на пленарната седница.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира